(Последни измени: 25 август - v1.5)
Целта на целоснава верзија на „Политиката за приватност“ („Политика за приватност“) е да се опише обработката на податоци на Amelia, виртуелниот помошник на Wizz Air.
Заеднички контролори и нивниот договор
Wizz Air Hungary Ltd.(податоци за контакт) и Facebook Ireland Limited(податоци за контакт) се заедничките контролори на Вашите податоци кога станува збор за Вашите интеракции со Amelia, виртуелниот помошник на Wizz Air.
Amelia е интегрирана со платформата Facebook Messenger со помош на платформата на Mindsay. Склучивме договор за заеднички контролори за обработката на Вашите податоци кога комуницирате со Amelia. За повеќе информации за договорот за заеднички контролори меѓу Facebook и Wizz Air, погледнете во Додатокот за контролори на Facebook.
Која е целта на обработката на податоците?
Вашите податоци ќе се користат за целите наведени подолу:
1) Одговарање на Вашите прашања и барања:целта на обработката на Вашите лични податоци е одговарање на прашањата и барањата што ни ги упатувате.
2) Подобрување на Amelia:со Ваша согласност, Wizz Air може да ги обработува Вашите податоци кога комуницирате со Amelia со цел Amelia подобро да ја научи логиката за обработка на природниот јазик.
Обезбедувањето лични податоци е доброволно. Сепак, ако не ни ги обезбедите Вашите податоци, можеби нема да може да ги користите нашите услуги.
Facebook ќе ги користи Вашите податоци за целите наведени во Политиката за податоци на Facebook.
Кои лични податоци за Вас ги обработуваме?
За целите наведени погоре, Wizz Air ќе ги обработува категориите податоци наведени подолу:
А.Податоци од Facebook Messenger:нашиот Chatbot е интегриран со платформата Facebook Messenger, според тоа Wizz Air може да ги обработува јавните податоци што веќе сте му ги обезбедиле на Facebook, како на пр., Вашето име, пол или податоците што Wizz Air може да ги добие од Facebook, како на пр., Вашиот ID на корисник на Facebook, ID на пораки, Вашиот јазик.
Користењето на Вашите податоци од Facebook Messenger не е неопходно за да го користите нашиот Chatbot.
Б.Податоци од разговори:тука спаѓаат и деталите од Вашата интеракција со нашиот Chatbot, како на пр., статусот на Вашиот лет, прашања, барања или нашата комуникација со Вас.
Правна основа за обработка на Вашите лични податоци
За обработка на Вашите лични податоци, Wizz Air ќе се раководи според правните основи подолу:
- согласноста што сте ни ја дале според Регулативата 679/2016 на ЕУ („ОРЗП“) , член 6 (1) a) („Согласност“).
- Обработката на Вашите лични податоци е можна согласно нашиот реален интерес согласно ОРЗП, член 6 (1) ѓ) („Реален интерес“).
Wizz Air има реален интерес од обработката на податоците за да одговори на прашањата и барањата затоа што е особено важно да комуницира со корисниците ако имаат барања за да продолжат да веруваат во Wizz Air. Ако корисниците контактирале со Wizz Air со прашање (или поплака), разумно е да очекуваат дека нивните податоци ќе се обработат за да се забрза добивањето одговор.
Wizz Air може да ги обработува Вашите лични податоци за целите и правните основи наведени подолу:
|
Цел на обработката на податоците
| Категории обработени лични податоци
| Правна основа
|
Одговарање на Вашите прашања и барања | - Податоци за идентификација
- Содржини на разговорите
| Реален интерес |
Подобрување на нашиот Chatbot | | Согласност |
Повеќе информации за обработката на податоците на Facebook може да најдете во Политиката за приватност на Facebook.
Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?
Wizz Air ги складира Вашите лични податоци само во времетраење неопходно да се извршат обврските на Wizz Air и исклучиво колку што е потребно за остварување на целите за коишто се прибрани податоците. Кога веќе нема да бидат потребни, личните податоци ќе се отстранат од евиденцијата на Wizz Air или соодветно ќе се анонимизираат. Вашите лични податоци прибрани од комуникацијата со Amelia Wizz Air може да ги чува до една година. Ако дадете согласност Wizz Air да ги обработува Вашите лични податоци, Wizz Air ќе продолжи да ги обработува и чува сѐ додека не ја повлечете Вашата согласност.
Facebook може да ги складира Вашите лични податоци прибрани при Вашата интеракција со Amelia согласно Политиката за приватност на Facebook.
Кој сѐ може да пристапи до Вашите податоци?
До Вашите лични податоци може да пристапат членовите на нашиот персонал со соодветно овластување само кога имаат добра причина за тоа и најосновни дозволи за пристап. Wizz Air може да ангажира други луѓе и трети страни како обработувачи на податоци со цел обезбедување услуги, а судови, владини тела или други органи на власта може да побараат откривање на Вашите податоци.
- Даватели на услуги:како поддршка на внатрешните процеси, Wizz Air користи надворешни IT-системи или услуги од даватели од трети страни.
|
Обработувачи на податоци | Регистрирано седиште | Активност |
Destygo (Mindsay) | 131, avenue Parmentier, 75011 Paris, France | Развој и функционалност на Chatbot. |
Amazon Web Services | 38 Avenue John F. Kennedy, L- 1855 Luxemburg | Услуги и складирање податоци во облакот |
DeepL | DeepL GmbH, Maarweg 16550825 Köln, Germany | Преведувачки услуги |
Google Ireland Ltd. | Google Building, Gordon House, Barrow Street, Dublin 4, Ireland | Преведувачки услуги |
salesforce.com EMEA Limited | Floor 26 Salesforce Tower, 110 Bishopsgate EC2N 4AY London, United Kingdom | Функции на CRM и LiveChat |
- Wizz Air Group: по потреба, Вашите лични податоци може да се споделат во рамките на Wizz Air Group. За повеќе информации за Wizz Air Group, кликнете на https://wizzair.com/mk-mk/informacii-i-uslugi/za-nas/informacii-za-kompanijata.
- Владини органи на власта и извршни тела:Wizz Air може да ги сподели Вашите лични податоци со владини органи на власта или извршни тела како што се регулаторните органи, на нивно барање и само ако така налага важечкиот закон или за заштита на нашите права или безбедноста на нашите корисници, персонал и имот.
- Facebook:Facebook може да ги сподели Вашите лични податоци со други лица, трети страни согласно Политиката за приватност на Facebook.
Можно е личните податоци да им се обезбедат на страни надвор од Европската економска област („ЕЕО“). Во такви случаи, Wizz Air ќе се погрижи со личните податоци да се ракува според одредени мерки (како што се „Стандардните договорни клаузули за пренос на податоци“) што обезбедуваат ниво на заштита согласно законите за приватност на податоци во ЕУ (како што е „Општа регулатива за заштита на податоците“ или ОРЗП).
Со склучувањето соодветни договори за пренос на податоци засновани на соодветните модули од Одлуката за имплементација на Комисијата (EU) 2021/914 за стандардни договорни клаузули за пренос на лични податоци на трети страни како што е наведено во член 46 (5) од ОРЗП или други соодветни средства, Wizz Air утврди дека сите други примателите лоцирани надвор од ЕЕО ќе обезбедат соодветно ниво на заштита на податоци за личните податоци и дека се воспоставени соодветни технички и организациски безбедносни мерки за заштита на личните податоци од случајно или незаконско уништување, случајно губење или изменување, неовластено откривање или пристапување, како и против сите други незаконски форми на обработка.
Вашите права
Имате право на остварување на Вашите права наведени подолу:
(i) Право на пристап:имате право да прашате дали Wizz Air има лични податоци за Вас и, ако одговорот е потврден, да побарате информации за тоа кои лични податоци ги има Wizz Air.
Можно е Wizz Air да побара дополнителни информации од Вас за идентификација или за дополнителните копии што ги барате, Wizz Air може да Ви наплати разумна такса согласно административните трошоци.
(ii) Право на исправка:на барање, Wizz Air мора задолжително да коригира неточни лични податоци или да дополни лични податоци што се нецелосни.
(iii) Право на бришење (право на заборавање):во одредени околности, ако предметот на податоците го побара тоа, Wizz Air мора да избрише лични податоци.
(iv) Право на ограничување обработка: во одредени околности, на барање на засегнатото лице, Wizz Air мора да го ограничи користењето на личните податоци. Во такви случаи, Wizz Air може да ги користи податоците само за одредени ограничени цели како што е наведено во законот.
(v) Право на преносливост на податоците:може да имате право да ги добиете Вашите лични податоци до коишто Wizz Air има пристап, во структуриран, најчесто користен и машински читлив формат, по што може да имате право да ги пренесете податоците до друг ентитет без пречки од нас.
(vi) Право на приговор:
имате право да се спротивставите на обработката на Вашите лични податоци од која било причина поврзана со Вашата ситуација и во таков случај, Wizz Air можеби нема да може да ги обработи Вашите лични податоци. Ако имате право на приговор и остварувањето на правото е оправдано, Вашите конкретни лични податоци веќе нема да се обработуваат за целите на приговорот. Остварувањето на ова право е бесплатно.
Ако сметате дека компанијата Wizz Air ги прекршила Вашите права на приватност и заштита на податоците, може да контактирате со соодветниот орган за заштита на податоци во соодветната земја членка на Европската Унија во којашто се наоѓа Вашето место на живеење, работење или каде што се случил наводниот прекршок или Државниот орган за заштита на податоците и слободата на информациите во Унгарија (Nemzeti Adatvédelmi és Információszabadság Hatóság – NAIH; регистрирано седиште: H-1055 Budapest, Falk Miksa str. 9-11.; веб-страница:www.naih.hu;телефон: +36-1-391-1400; адреса на е-пошта:ugyfelszolgalat@naih.hu;факс: +36 1 391 1410
Вашите права може да ги остварите директно против Facebook во врска со Вашите лични податоци што ги обработува Facebook.
Контактирајте со службеникот за заштита на податоци
Ако имате дополнителни прашања за „Политиката за приватност“ или за тоа како Wizz Air управува со Вашите лични податоци, контактирајте со нас така што ќе испратите е-порака на нашата адреса на е-пошта или писмо до нашиот службеник за заштита на податоци на Wizz Air Hungary Ltd., Laurus Offices, Kőér street 2/A, Building B, II-V., H-1103 Budapest (или на data.protection@wizzair.com).
Ако имате дополнителни прашања за тоа како Facebook ракува со Вашите податоци, Вашето барање може да го испратите до Facebook на интернет, така што ќе контактирате со службеникот за заштита на податоци на Facebookили по пошта на следнава адреса: Facebook Ireland Ltd. 4 Grand Canal Square Grand Canal Harbour Dublin 2 Ireland.