„Политиката за приватност“ се однесува
на сите лични податоци што ни ги обезбедувате, како и на сите лични податоци што ги
собираме за Вас, или за тоа како ја користите нашата веб-страница или апликацијата за мобилни уреди на
Wizz Air (преку користење „колачиња“) или за Вашите шеми на патување ако
резервирате со нас. „Политиката за приватност“ Ви помага подобро да разберете
како ги користиме Вашите лични податоци и објаснува како ги собираме, за што ги користиме и со
кого ги споделуваме.
1. КОИ СМЕ
НИЕ?
Wizz Air Abu Dhabi LLC.
(„Wizz Air“ или „ние“ или „нас“) (регистрирано седиште: 10th Floor, Andaz Capital Gate, Al
Khaleej, Al Arabi Street, P.O. Box 164, Абу Даби, Обединети Арапски Емирати;
регистарски број на компанијата: CN-3649514) врши функција на контролор на податоци. Тоа значи дека
Wizz Air одлучува како ќе се обработуваат Вашите лични податоци и за какви цели
Имајте
предвид дека Wizz Air Hungary Ltd. (регистрирано седиште: Laurus Offices, Kőér
street 2/A, Building B, II-V., H-1103, Будимпешта, Унгарија; регистарски
број на компанијата: 01-10-140174), заедно со Wizz Air Abu
Dhabi, врши функција на заеднички контролор на податоци, во однос на обработката на Вашите лични податоци. Како предмет на податоците,
како што е опишано во „Политиката за приватност“, може да ги остварите своите права поврзани со заштита на податоците наспроти Wizz Air Abu Dhabi и
Wizz Air Hungary Ltd. со испраќање
барање до Wizz Air Hungary Ltd. Wizz Air Hungary Ltd. ќе одговори на Вашето барање
и секогаш ќе Ве информира за обработката на Вашите лични податоци со ажурирање на
оваа „Политика за приватност“ на wizzair.com, затоа што Wizz Air Hungary Ltd. е сопственик
на веб-страницата, како што е опишано во „Правилата и условите на сметката на WIZZ“.
2. СЛУЖБЕНИК ЗА ЗАШТИТА
НА ПОДАТОЦИ
Wizz Air Abu Dhabi LLC назначи
службеник за заштита на податоци („СЗП“) на ниво на Wizz Air Group за да се погрижи да се почитуваат
важечките закони за заштита на податоци и да ја контролира ситуацијата, како и
да се увери дека сите Ваши прашања за заштита на податоците се одговорени.
Ако сакате да ги остварите Вашите права поврзани со заштита на податоците, може
да го испратите Вашето барање ТУКА откако ќе се најавите на Вашата
сметка на WIZZ во картичката за заштита на податоците.
3. ВАШИ
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ - ШТО Е ТОА?
Личните податоци
се однесуваат на живо лице која јасно може да се идентификува од тие податоци, особено
името, адресата, телефонскиот број, адресата на е-пошта, бројот на кредитната или платежната картичка,
информациите за специјална нега. Идентификацијата може да се изврши само со
податоците или во врска со некоја друга информација во посед
на контролорот на податоците или пак, веројатност дека ќе биде во посед.
4. КАКО
СОБИРАМЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Вашите податоци ги собираме
на нашата веб-страница, апликацијата за мобилни уреди, преку е-пошта, Центарот за поддршка, стандардна пошта кога
ќе ни испратите писмо и во одредени случаи, на аеродромот кога
треба или мора да подготвиме меморандуми или записници за одредени настани поврзани
со Вашето патување.
5. ЗОШТО
СОБИРАМЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ? (ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ)
Вашите лични податоци ги собираме и користиме
за следниве цели:
а) За обработка на Вашата резервација и потврдување на платежната картичка, ги
собираме следниве податоци: титула, имиња на патниците, адреси, броеви на пасош
или лична карта издадени од органите на власта со датумите на важење, телефонски броеви,
адреси на е-пошта и IP-адреси, детали за кредитните/дебитните картички или други детали за плаќање или банка.
б) За обезбедување на услугите што сте ги купиле од нас, при
што ги собираме следниве податоци: име на патникот, националност,
пол, возрасна група, броеви на пасош или лична карта издадени од органите на власта со
датумите на важење, здравствена состојба за патниците со специјални медицински и/или диететски
барања, телефонски број, адреса на е-пошта, детали за кредитната
или платежната картичка или сметката во банка, информации за специјална нега (чувствителни
лични податоци), детали за летот, број за потврда, датум на раѓање, детали за
патничките документи, услугите што сте ги купиле и бројот на сметката на WIZZ
в) За олеснување на купувањето услуги или производи од трети страни на
нашата веб-страница. За таа цел, ги собираме следниве податоци: име на патникот,
националност, пол, телефонски број, адреса на е-пошта, детали за кредитната или платежната картичка,
информации за специјална нега, детали за летот, број за потврда, датум на
раѓање, детали за патничките документи, податоци за локацијата (заедно со
географската локација во реално време на Вашиот компјутер или уред преку GPS, Bluetooth и
IP-адресата, заедно со локации на Wi-Fi-точки на пристап што ги обезбедуваат многу луѓе и мобилни
кули, ако користите функции поврзани со локација и ги вклучите поставките за услуги на
локација на Вашиот уред и компјутер) и бројот на сметката на WIZZ.
г) За комуникација со Вас (на пример, при
прекин на лет) преку е-пошта, телефон, SMS, MMS, известувања push, пораки во
апликација, услуга за разговор, социјални медиуми, повици, писмо преку стандардна пошта. За таа цел,
ги собираме следниве податоци: име и детали за контакт (телефонски број, адреса
на е-пошта, поштенска адреса), податоци за летот, број на сметката на WIZZ
д) За испраќање потсетници за незавршени резервации. За таа цел, ги собираме следниве податоци: избрани почетна и крајна
дестинација, лет во еден правец или повратен лет, време на поаѓање и пристигнување, број на
патници, избран тип цена на превоз, вкупен износ на цената на превоз, дали корисникот е
претплатен на билтенот, тип резервација (обична, Wizz Discount Club, групна),
избрани услуги, јазик на страницата/апликацијата на Wizz Air.
ѓ) За испраќање билтени. За таа цел, ги собираме
следниве податоци: име и детали за контакт (телефонски број, адреса на е-пошта),
детали за Вашите минати пребарувања на wizzair.com и навиките за патување, желби
за патувања.
е) За обезбедување понуди согласно Вашите поставки и прикажување
персонализирани препораки за споредни производи. За таа цел, ги собираме следниве податоци: име и детали за контакт (телефонски број, адреса
на е-пошта), желби за патувања што сте ни ги обезбедиле, детали за минати пребарувања на
wizzair.com, детали за минати резервации, податоци за локација на навики за патување (заедно со
географската локација во реално време на Вашиот компјутер или уред преку GPS,
Bluetooth и IP-адресата, заедно со локации на
Wi-Fi-точки на пристап што ги обезбедуваат многу луѓе и мобилни кули, ако користите функции поврзани со локација и
ги вклучите поставките за услуги на локација на Вашиот уред и компјутер). За
последното, користиме податоци од минати резервации/трансакции, податоци
од графикон за купување во живо и класификација на маршрути што ја применува Wizz Air.
ж) За комуникација со Вас
во врска со спроведување анкета за задоволството на корисниците за
аналитички цели, подобрувања на квалитетот, развој на услугите, подобрување
на работата на веб-страницата, мерење на успехот на
рекламните кампањи или приспособување на услугите според Вашите потреби. За таа цел, ги
собираме следниве податоци: име и детали за контакт (телефонски број, адреса
на е-пошта) и детали за минати резервации.
з) За поддржување административни и правни цели, на
пример, за проверка против измама, како и за безбедносни, функционални и
сигурносни цели. За таа цел, ги собираме следниве податоци:
име на патникот, адреса, телефонски број, IP-адреса, податоци за географска локација, историја на
резервирање и трансакции, детали за кредитна/дебитна картичка, податоци
поврзани со жалби и поплаки.
ѕ) За почитување на задолжителните одредби на важечките закони, како на пр., за цели поврзани
со сметководство, наплата, ревизија, заштита на корисници, имиграција или јавно
здравје. За таа цел, ги собираме следниве
податоци: лични податоци поврзани со имиграциската и царинската контрола, лични податоци
поврзани со фактурирање, податоци поврзани со лица кои бараат специјална помош,
лични податоци поврзани со нашите обврски во случај на прекин или одложување
на летот.
Би сакале
да напоменеме дека личните податоци што ни ги обезбедувате
при создавањето на Вашата сметка на WIZZ ќе се користат за резервирање на Вашиот лет
како патник со нас.
Затоа,
при регистрирањето треба
да наведете точни лични податоци што сосема одговараат со податоците во патничкиот документ што ќе го користите на патувањето
со нас.
Ако Вашите
лични податоци се неточни или нецелосни, може да имате право да добиете
од нас исправка или дополнување на Вашите лични податоци.
5.1. Обработка на чувствителни лични податоци
Во одредени
случаи, треба да обработуваме и посебни категории лични податоци (чувствителни
лични податоци), како што се податоците поврзани со здравствената состојба, на пример, кога барате специјална
помош од нас и/или оператор на аеродром (како што е обезбедувањето
кислород) или кога ни обезбедувате информации за Вашата способност за летање (како
на пример, информации за бременост или алергии) од безбедносни причини.
За обработка на
Вашите чувствителни лични податоци, ќе треба да добиеме посебна согласност од Вас.
Во спротивно, можеби нема да може да Ви ги обезбедиме бараните услуги. Можно е да ги
користиме Вашите чувствителни лични податоци каде што е потребно, за да ги утврдиме,
спроведеме или браниме законските барања и да обезбедиме усогласеност со задолжителните правни
барања. Можно е да треба да се изврши пренос на Вашите чувствителни лични податоци на трети страни,
дури и надвор од Европската економска област, при
обезбедувањето на услугите што се бараат од нас врз основа на задолжителните законски
одредби.
5.2. Профилирање
Со Ваша согласност, вршиме
профилирање за да Ви обезбедиме понуди согласно Вашите потреби,
желби и интереси. Меѓу другото, понудите може да опфатат и попусти на
авионски билети, попусти на други услуги, ваучери што се обезбедуваат во замена за учество во анкети. Понудите може да се однесуваат на понуди од Wizz Air Abu Dhabi, Wizz
Air Hungary Ltd., Wizz Air UK Limited или нашите договорни партнери (на пр., банки
што издаваат брендирани кредитни/дебитни картички на WIZZ, со специјални погодности) или трети
страни. Со Ваша согласност, понудите може да се испраќаат преку е-пошта, телефон, SMS или рекламни
известувања.
Профилирање е
каква било форма на автоматска обработка на Вашите лични податоци и се состои од употреба
на лични податоци за проценување одредени лични аспекти што се однесуваат на Вас, а
особено за анализирање или предвидување аспекти во врска со економската состојба, личните
желби, интересите, сигурноста, однесувањето, локацијата или Вашите движења.
6. ПРАВНА ОСНОВА ЗА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ
Правната
основа за активностите на обработка на податоци наведена во „Политиката за приватност“ зависи
од Вашата согласност, а во одредени случаи, обработката на Вашите лични податоци
е неопходна за почитување на законските обврски што важат за
Wizz Air Abu Dhabi или Wizz Air Hungary.
Последици на одбивање/неможност
да се обезбедат лични податоци
Имајте
предвид дека личните податоци наведени погоре во „Политикава за приватност“ во дел
5 ни се потребни за да ги овозможиме „Општите услови на превоз“, а и да Ви ги обезбедиме
нашите услуги или персонализираните понуди.. Ако не ни ги обезбедите
бараните лични податоци, нема да може да Ви ги обезбедиме сите или делови
од услугите што сте ги побарале од нас.
Ако ја
повлечете Вашата согласност или не се согласите да се користат Вашите
чувствителни податоци, можеби нема да може да Ви ги обезбедиме сите или делови од услугите што сте
ги побарале од нас. Имајте предвид дека во такви околности нема да може
да ги откажете или да добиете поврат на средствата од таксите што сте ги платиле.
7. КОЛКУ
ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Вашите лични податоци ги
обработуваме во потребниот временски период во согласност со целите наведени
во „Политикава за приватност“ или во периодот на ограничување пропишан со
релевантните закони.
Вашите
лични податоци ги чуваме онолку долго колку што е разумно потребно: во период од 6 години
од исполнувањето на договорот склучен со нас (односно, бришењето на Вашата сметка на Wizz) со цел да се почитуваат важечките закони за задржување на податоци.
Податоците од пребарување на интернет во врска со Вас ги
чуваме четири дена.
Кога се работи
за сметководствени документи, периодот на задржување е 8 години од затворањето на
финансиската година во која сте купиле услуги од нас.
Ако е поведена судска или
дисциплинска постапка, личните податоци ќе се задржат
до завршување на постапката, вклучувајќи го и времетраењето на кој
било можен правен лек. Во случај на граѓански тужби, кои податоци ќе се
избришат потоа зависи од статутот на ограничување на граѓанското право.
Во случај на
обработка на податоци врз основа на согласност, личните податоци ќе се обработуваат сѐ до
повлекувањето на согласноста.
8. ПОНАТАМОШНА ОБРАБОТКА
НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Ако сакаме
да ги користиме Вашите лични податоци за нова цел што не е опфатена во „Политикава за приватност“,
ќе Ви испратиме ново известување во кое ќе бидат објаснети сите услови што се однесуваат на
новата обработка пред обработката воопшто да се изврши. Ако е потребно, ќе
бараме Ваша согласност пред почетокот на новите активности на обработка на податоци.
9. ПРАВА НА ЗАШТИТА НА ВАШИТЕ
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Согласно
важечкиот закон за заштита на податоци, може да имате право:
1. да побарате пристап до Вашите
лични податоци,
2. да побарате исправка на
Вашите лични податоци,
3. да побарате бришење на Вашите
лични податоци,
4. да побарате ограничување на
обработката на Вашите лични податоци,
5. да побарате преносливост на
податоците,
6. да ја повлечете Вашата согласност.
9.1 Право на
пристап
Може да имате
право да добиете потврда од нас за тоа дали личните податоци
што се однесуваат на вас се обработуваат или не, и кога тоа е случај, да побарате пристап до
личните податоци.
Може да имате
право да добиете копија од личните податоци што се обработуваат. Можно е
да побараме дополнителни информации од Вас за идентификација или за дополнителните
копии што сте ги побарале, може да наплатиме разумна такса согласно административните
трошоци.
9.2. Право на исправка
Може да имате
право од нас да добиете исправка на неточни лични податоци
што се однесуваат на Вас. Во зависност од целите на обработката, може да имате
право да имате пополнето нецелосни лични податоци, дури и преку
обезбедување дополнителна изјава.
Начелно, Вашето право на исправка
го обезбедуваме бесплатно, но во случај на промени на име
на патници во постоечката резервација најдоцна 3 часа пред закажаното време на
поаѓање, може да Ви наплатиме за трошоците за промената на името ако се исполнети одредени
услови согласно нашите „Општи услови на превоз“.
За повеќе информации за нашите правила за корекција на
име, кликнете тука.
9.3. Право
на бришење (право на заборавање)
Во одредени
околности, може да имате право да побарате од нас бришење на Вашите
лични податоци и може да бидеме обврзани да ги избришеме личните податоци. Во такви случаи,
веќе нема да може да Ви ги обезбедуваме нашите услуги.
9.4. Право
на ограничена обработка
Во одредениоколности,
може да имате право да побарате од нас ограничување на обработката на
Вашите лични податоци. Во такви случаи, соодветните податоци ќе се означат и ќе може
да ги обработуваме само ние во исклучителни околности.
9.5. Право
на приговор и права поврзани со автоматизирано донесување одлуки
Во одредени
околности, може да имате право на приговор поради Вашата
конкретна ситуација во секое време, со што ќе се спречи обработката на Вашите лични податоци,
вклучувајќи и профилирање и може да се побара од нас веќе да не ги обработуваме Вашите
лични податоци.
Освен тоа, ако
Вашите лични податоци се обработуваат врз основа на нашиот законски интерес, имате
право на приговор во секое време за да се спречи обработката на личните податоци што се однесуваат на Вас
за таква цел.
Покрај тоа,
во одредени околности во случај на автоматизирано индивидуално донесување одлуки,
имате право да добиете човечка интервенција.
Ве известуваме
дека, согласно
ОРЗП, Wizz Air не користи механизам за автоматизирано донесување одлуки.
9.6. Право на преносливост на податоци
Во одредени околности,
може да имате право да ги добиете Вашите лични податоци што сте
ни ги обезбедиле, во структуриран, најчесто користен и машински читлив формат (односно, во
дигитална форма) и може да имате право да побарате пренос на
податоците на друг ентитет без пречки од нас, ако таквиот пренос е
технички изводлив.
9.7. Право
на повлекување согласност
Кога
обработката на Вашите лични податоци се заснова на Ваша согласност, може да ја повлечете
согласноста во секое време без да ни наведете причина, сосема бесплатно со кликнување
на врската вметната во секој билтен или преку променување на поставките на Вашата сметка на Wizz
Air или мобилен уред. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката врз основа на согласноста пред повлекувањето.
Ако ја
повлечете согласноста за обработка на Вашите лични податоци, можеби нема да може
да Ви ги обезбедиме сите или делови од услугите што сте ги побарале (на пр., во случај
на услуга за специјална помош, ако е потребно да
извршиме обработка на чувствителни податоци).
9.8. Како да контактирате со нас и да ги остварите Вашите права поврзани со заштита на податоците?
Во врска со прашањата поврзани со заштита
на податоци, за остварување на Вашите права или испраќање поплака,
контактирајте со нас со кликнување ТУКА откако ќе се најавите на Вашата сметка на WIZZ.
Ако немате сметка
на WIZZ, со нас може да контактирате ако го испратите Вашето барање ТУКА.
9.9. Право
на поднесување поплака до надзорниот орган
Ако сметате
дека се прекршени правата на Вашите лични податоци, може и да контактирате со и
да поднесете поплака кај локалниот орган за заштита на податоци.
10. КАКО ГИ
ШТИТИМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Wizz Air
ги исполнува своите обврски согласно важечките закони за заштита на личните податоци со
- ажурирање на личните податоци,
- безбедно чување и уништување на личните податоци,
- несобирање или незадржување прекумерни количини податоци,
- заштита на личните податоци од
губење, злоупотреба, неовластен пристап и објавување, како и обезбедување
соодветни технички мерки за заштита на личните податоци.
Преземаме соодветни технички и организациски мерки за да обезбедиме заштита на Вашите лични податоци од случајно или незаконско уништување или случајно губење, изменување, неовластено откривање или пристап, особено, но не и ограничено на обработка што опфаќа пренос на податоци преку мрежа и против сите други незаконски форми на обработка.
Во
согласност со ова, меѓу другото, Wizz Air применува различни нивоа на права на пристап
до податоците, што гарантира дека само соодветното овластено лице има
пристап до податоците, чиешто познавање на податоците е неопходно за извршување на
неговата обврска што произлегува од или е во врска со вршењето на
неговата работа.
Посебно
внимание посветуваме на безбедното пренесување на личните и финансиските податоци.
Таквите податоци се пренесуваат од Вашиот компјутер до серверот за резервации на Wizz Air
преку шифрирани канали, со поддршка од најсовремената технологија Secure
Socket Layer (SSL).
11. СПОДЕЛУВАЊЕ
НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Во текот на
своето работење, Wizz Air може да ги користи услугите на разни обработувачи
на податоци и надворешни даватели на услуги за да управува со и да ги обработува Вашите лични
податоци за специфични цели, во име и во согласност со
упатствата на Wizz Air. Покрај тоа, според важечките закони за воздухопловство, Wizz
Air е обврзан да ги споделува Вашите лични податоци со владини тела,
власти и други извршни органи.
Обработувачите на податоци ќе
ги обработуваат личните податоци, сѐ додека договорот
за обработка на податоци склучен со нив е важечки и во сила или сѐ додека
не се побара од нив да ги чуваат Вашите податоци според важечките закони за задржување на податоци.
Можно е
да ги откриеме Вашите лични податоци на следниве категории трети страни
(примачи) за целите опишани подолу:
- туристички агенти и останати
трети страни прекукои резервирате патување или други услуги;
- даватели на услуги од трети страни
чиишто услуги (заедно со, но не
и ограничено на, осигурување, услуги на превоз) сте ги купиле на нашата веб-страница, во нашата апликација или преку нашиот Центар за
поддршка;
- нашите партнери во шемите за лојалност на кои сте им се придружиле;
- компаниите за управување на тлото или аеродромите за да Ви ја обезбедат
бараната услуга;
- компаниите за кредитни картички, давателите на платежни услуги за
обработување на плаќањата што сте ги започнале на нашата веб-страница, во нашата апликација или преку
нашиот Центар за поддршка;
- трети страни што вршат анкетирање на корисниците во наше
име;
- други даватели на услуги од трета страна што ние сме ги ангажирале
за обработка на податоците;
- трети страни, како што се правни фирми, судови и други
тела или даватели на услуги за спроведување или применување на договорите склучени со Вас;
- државни органи или
извршни тела,како што се полиција и регулаторни институции, на нивно
барање и само ако така налага важечкиот закон или пак, за заштита на нашите права или безбедноста на нашите корисници, вработени и имот.
11.1. Wizz
Air Group
Вашите лични податоци може
да се споделуваат во рамките на Wizz Air Group колку што е потребно за да се обезбедат
услугите што сте ги купиле од нас или за да се олесни купувањето услуги или производи од
трети страни на нашата веб-страница, преку нашата апликација за мобилни уреди или
нашиот Центар за поддршка. За повеќе информации за Wizz Air Group,
кликнете тука.
11.2. Даватели на услуги од трети
страни
Кога ја
купувате услугата на давател на услуги од трети страни преку нашата веб-страница,
апликацијата за мобилни уреди или Центарот за поддршка (на пр., нарачувате услуга за превоз или други
поврзани активности), Вашите лични податоци ќе ги пренесеме до соодветниот
давател на услуги за да се олесни купувањето и обезбеди услугата
нарачана од нас.
Обработката на податоците од трети страни може да се врши и согласно нивните политики за приватност. Ве советуваме да ги прегледате политиките за приватност директно на веб-страницата на третите
страни за повеќе информации околу нивните практики за обработка на податоци. Освен тоа,
добиваме и информации за Вас од трети страни, како на пример, кога
учествувате во програма за лојалност.
11.3. Обработувачи на
податоци
Wizz Air
ангажира одредени трети страни за обезбедување помош при
давањето на услугите купени од нас. Третите страни ги обезбедуваат следниве услуги:
- услуги за управување на аеродроми;
- услуги за обработка на плаќања;
- управување со програми за лојалност;
- обезбедување услуги за IT-поддршка;
- обезбедување на одредени услуги на аеродромите, како што
се продажба на билети, услуги поврзани со багаж, приоритетно влегување во авионот, промени
на лет.
11.4. Центар за
поддршка
Ангажираме добавувачи од
трети страни за обезбедување услуги на Центар за поддршка за нас. Повеќе
информации за добавувачите може да најдете тука. Нашиот Центар за поддршка ги обработува
Вашите лични податоци во согласност со „Политикава за приватност“ и важечкиот закон.
Повиците се снимаат за заштита и репродукција на вербални обврски
ако дадете согласност за тоа и може да се поврзат со други
податоци за резервирање. Се архивираат
и поплаките испратени по електронски пат, преку пошта или е-пошта и може да се поврзат со други податоци за резервации за решавање
можни идни постапки за поплаки.
11.5.
Владини тела и извршни органи:
Можно е
да ги пренесеме Вашите лични податоци на владините тела или извршните органи,
како што се полицијата и регулаторните органи, на нивно барање и само
во согласност со условите во важечкиот закон или пак, за да ги заштитиме нашите права или безбедноста на нашите
корисници, вработени и имот.
11.6. Гранична
полиција и имиграциски органи:
Во некои
земји, Wizz Air е обврзан со закон на агенциите за гранична контрола да им даде пристап
до информациите за резервации и патувања. Според тоа, сите информации што ги имаме за Вас
и Вашите аранжмани за патување може да се откријат на царинските и имиграциските
органи на местото на поаѓање или пристигнување или локалната
единица за информации за патници. Освен тоа, важечките закони во одредени земји
му наложуваат на Wizz Air да собира информации од пасошите и слични информации за сите
патници пред почетокот на патувањето до и од тие земји. Кога така наложува
важечкиот закон, Wizz Air ќе им ги обезбеди тие информации на соодветните царински
и имиграциски органи.
Имајте предвид дека согласно Директивата (EU) 2016/681 од Европскиот парламент и Советот од 27 април 2016 година за користењето на евидентираните податоци за името на патникот (PNR) за спречување, откривање, истражување и поведување постапки за прекршоци со терористичка заднина и сериозни кривични дела, Wizz Air е обврзан да ги проследи Вашите податоци за патување за единицата за информации за патници од земјата членка до којашто патувате
12.
ПРЕНОС НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИИ ДО ТРЕТИ ЗЕМЈИ
Преносот
на Вашите лични податоци надвор од Европската економска област може да биде неопходен за
обезбедување услугата што сте ја побарале, а до Вашите лични
податоци може да пристапат членовите на Wizz Air Group, како и обработувачите на податоци и давателите
на услуги од земји што не обезбедуваат исто ниво на заштита на податоците
како што е предвидено во Европската економска област. Wizz Air ќе ги преземе соодветните мерки
за да се обезбеди
неопходното ниво на заштита од страна на примачите на Вашите лични податоци како што е дефинирано со важечкиот закон за
заштита на податоци, особено преку примената на Стандардните
договорни клаузули издадени од Европската комисија или по одлука на
Европската комисија според која земјата во која се наоѓа примачот на
пренесените податоци треба да обезбеди соодветно ниво на заштита на податоците.
Ако, во
однос на преносот на податоци во странство, не може да се обезбеди соодветно ниво на заштита на личните
податоци, ќе побараме Ваша јасна согласност во врска со
таквиот пренос на податоци во странство. Имајте предвид дека при такви преноси на податоци постојат
одредени ризици, особено што во земјата на примачот
на податоци, неовластени трети страни може да имаат неразумен пристап до наведените
податоци и можеби нема да може да се остварат правата на субјектот на податоците и/или
Вашето право на приговор против дејства што може да им наштетат на Вашите лични податоци и Вашето
право на приватност.
На
веб-страницата, меѓу почетните и крајните дестинации, може да ги најдете третите земји
каде што може да се пренесат Вашите лични податоци или од кои може да се пристапи до податоците,
зависно од Вашата дестинација на патување и давателите на услуги што ги користиме за обезбедување
на нашите услуги.
13. ДЕТАЛИ ЗА
КОНТАКТ НА СЗП
Ако имате дополнителни
прашања за „Политиката за приватност“ или за тоа како управуваме со Вашите лични податоци,
контактирајте со нас со пополнување на образецот на интернет со кликнување ТУКА или испраќање писмо до службеникот за заштита
на податоци на Wizz Air Hungary Ltd., Laurus Offices, Kőér street 2/A,
Building B, II-V., H-1103 Будимпешта (или на адресата на е-пошта data.protection@wizzair.com).
14. КОЛАЧИЊА
При користењето на нашата веб-страница,
Вашиот прелистувач зачувува колачиња на уредот. Користиме неколку типови
колачиња. Некои колачиња се постојано вклучени затоа што се неопходни за правилното функционирање
на веб-страницата. Колачињата за аналитички цели ја подобруваат нашата веб-страница и Ви го нудат
најдоброто можно корисничко доживување. Други колачиња се користат за поудобни
поставки за веб-страницата или за прикажување персонализирани содржини и
Ви овозможуваат да споделувате информации. Имајте предвид дека зависно од поставките што
ќе ги изберете, можно е некои функции на веб-страницата веќе да не се достапни или пак,
да не може да Ви обезбедуваме персонализирани содржини. Повеќе информации за колачињата што ги користи
Wizz Air и како се блокираат, може да најдете тука.
Сѐ додека не се најавите
на Вашата сметка на Wizz Air, користењето на таквите податоци за целите опишани во
претходната реченица ќе биде псевдонимизирано. Тоа значи дека ќе
го замениме Вашето име и другите карактеристики што може да Ве идентификуваат со друг
идентификатор за да биде невозможно да Ве идентификуваат како личност и
притоа нема да ги поврземе профилите за користење со други податоци што ги имаме за Вас. Штом
ќе се најавите на Вашата сметка на Wizz Air, користењето на податоците за целите
опишани во претходната реченица ќе се персонализира и поврзе со Вас.
Имате право да се спротивставите
на користењето на Вашите податоци за создавање профили на користење како што е опишано погоре во
секое време.
Можно е и
да ги пренесеме податоците без можност за лична идентификација, како што се, меѓу другото,
анонимни демографски информации и однесување на интернет на нашите договорни
партнери (на пример, трети страни што даваат услуги или банки што издаваат брендирани
кредитни/дебитни картички на WIZZ, со специјални погодности) за целта на истражување на пазарот.
Според тоа, „Податоците без можност за лична идентификација“ значи дека ги менуваме Вашите
лични податоци, така што информациите што се однесуваат на лични или материјални
околности не може да Ви се припишат или дека за таквото наведување ќе
бидат потребни непропорционално време, трошоци и напор. Ги складираме податоците
што ги испраќаат прелистувачот и уредот до нашата веб-страница во текот на процесот на резервирање.
Таквите податоци нема да се откријат на трети страни, освен во агрегатни форми,
без можност за лична идентификација.
15. КОРИСТЕЊЕ
НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА МАРКЕТИНШКИ ЦЕЛИ
Ви испраќаме билтени по
е-пошта, SMS, рекламни известувања, пораки во апликација, со одлични зделки и специјални
понуди ако сте побарале таква комуникација од нас со претплатување на такви
услуги или јасно сте се согласиле на тоа. Нема да контактираме со Вас по електронски пат за маркетиншки цели, освен ако јасно ја искажете Вашата согласност со означување на соодветните полиња на образецот за внесување податоци со Вашите информации за контакт.
16. ПРОМЕНИ НА
НАШАТА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Ако ја промениме „Политикава
за приватност“, ажурираната верзија ќе ја објавиме на нашата веб-страница wizzair.com.
17. ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ
СТРАНИ
Веб-страницата
wizzair.com обезбедува врски до други веб-страници за Вашите потреби и
информации. Имајте предвид дека тие страници може да се сопственост и одговорност на други
компании и организации и имаат различни политики за безбедност и приватност. Wizz
Air нема контрола над нив и не презема одговорност за информациите,
материјалите, производите или услугите што се содржат на и се достапни преку тие
веб-страници.
18.
ОДГОВОРНОСТ НА ТРЕТИ СТРАНИ
Wizz Air
не сноси одговорност за користењето на Вашите податоци од трети страни, каде користењето на податоците е
дозволено за нивни цели. Во вакви случаи, и третите страни се сметаат
за контролори на податоци. Погледнете во нивните политики за приватност
за дополнителни информации.
Оваа „Политика за приватност“ важи од 11 август 2020 година.