(Последни измени: 25 август - v1.5)
Скратена „Политика за приватност“ на Amelia
Заеднички контролори на Вашите лични податоци
Wizz Air Hungary Ltd.(податоци за контакт) и Facebook Ireland Limited(податоци за контакт) се заедничките контролори на Вашите податоци кога станува збор за Вашите интеракции со Amelia, виртуелниот помошник на Wizz Air.
Wizz Air ќе ги обработува Вашите лични податоци за целите и правните основи наведени подолу:
1. Одговарање на Вашите прашања и барања:целта на обработката на Вашите лични податоци е одговарање на прашањата и барањата што ни ги упатувате; за оваа цел, Wizz Air се раководи според својот реален интерес
2. Подобрување на нашиот Chatbot: со Ваша согласност, Wizz Air може да ги обработува Вашите податоци кога комуницирате со нашиот Chatbot со цел нашиот Chatbot подобро да ја научи логиката за обработка на природниот јазик. Согласноста може да ја повлечете во секое време. Повлекувањето на Вашата согласност не влијае на законитоста на обработката врз основа на согласноста дадена пред повлекувањето.
Facebook ќе ги обработува Вашите лични податоци за целите и правните основи наведени подолу:
Повеќе информации за тоа како Facebook ги користи Вашите лични податоци може да најдете во Политиката за податоци на Facebook.
Кој може да има пристап до Вашите лични податоци?
До Вашите лични податоци може да пристапат вработени во Wizz Air само ако имаат добра причина за тоа. Wizz Air може да ангажира други луѓе и трети страни со цел обезбедување услуги, а судови, владини тела или други органи на власта може да побараат откривање на Вашите податоци. Wizz Air ќе обезбеди адекватност ако ги пренесе Вашите лични податоци надвор од ЕЕО/ЕУ.
Вашите права
Имате право на пристап, исправка или бришење на Вашите податоци, а во одредени ситуации, покрај другите права, може и да се спротивставите на користењето на податоците,. Имате и право на преносливост на податоците, што е детално наведено во целосната верзија на „Политиката за приватност“. Вашите права може да ги остварите директно против Facebook во врска со Вашите лични податоци што ги обработува Facebook.
Имате право да се спротивставите на обработката на Вашите лични податоци од која било причина поврзана со Вашата ситуација и во таков случај, Wizz Air можеби нема да може да ги обработи Вашите лични податоци и да Ви ги обезбеди нашите услуги.
Целосна верзија на „Политиката за приватност“
За повеќе информации, погледнете во Целосната верзија на „Политиката за приватност на Chatbot“.