Летови во еден правец

Датумот, времето или дестинацијата налетот во еден правец може да се променат најмногу до 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот. Имајте предвид дека промената ќе се смета како завршена штом ќе пристигне платениот износ (ако има).

КАКО ДА СЕ НАПРАВАТ ПРОМЕНИ

  1. Најавете се на вашата WIZZ сметка.
  2. Изберете ја вашата резервација со кликнување на "Информации" под летот.
  3. Во десниот агол на страницата „Преглед на резервации“, кликнете на копчето "Направи промени".
  4. Изберете "Променете го летот".
  5. Изберете ги патниците за кои ќе важат промените (можете да ги изберете сите или само индивидуални патници).
  6. Наведете ги информациите (датум, време и маршрута) на новиот лет.
  7. Потврдете ја промената и подмирете ги сите плаќања за разликата во цените на превоз и таксите за промена на лет (ако има).

Со WIZZ Flex пакетот, можете да ја промените вашата резервација преку интернет за сите или само за индивидуални патници најмногу до 3 часа пред закажаното време за поаѓање на летот. Во овој случај нема да се наплаќа такса за промена на летот.

Доколку не е купен WIZZ Flex пакетот, дополнителни плаќања може да се применат при извршување на промените во резервацијата.

Дали ова Ви беше од помош?

Препорачани теми